Во недела, на Градската плажа Камен мост, ќе се одржи драменбејс промо-журка како најава за претстојниот традиционален фестивал “Пиволенд”. Домаќин ќе биде барот “Ториа”, а ќе настапат три нови и надежни имиња на македонската клабинг сцена: Владимир Кесковски – Кеско, Симон Кипровски – Дред и Нерсес Малајкан. Добрата забава е загарантирана, а посетителите ќе можат да уживаат во микс од драменбејс, дабстеп, брејкбит и џангл звуци во траење од 4 часа. Лето, плажа, ладно пиво и “џунгла” од грамофоните – звучи примамливо!
Иницијативата за настанот доаѓа од Скопје Вавилон – нова форма на активизам, која обединува креативни умови и стимулира активности за одржување и унапредување на културниот живот на Скопје. Журката започнува во 22 часот, а влезот е бесплатен.

