Во прв ред

На 25-ти март интимен концерт на “Црвена јабука” во Македонска филхармонија (Фото)

За еден месец Авалон продукција ќе биде домаќин на еден од многуте концерти планирани за оваа година, интимен концерт на “Црвена јабука” насловен “Nekako s’ proljeca” кој е закажан за 25-ти март во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот.

После продадените 18.000 влезници во Загребачка арена и трите концерти во МТС дворана во Белград, Жера и пријателите ги носат сите хитови (а, ги има навистина многу) во интимната атмосфера на Македонската Филхармонија.

“Црвена јабука” е еден од ретките бендови кои реално и добро плива сиве овие години, во комбинација со нивните стари и култни евергрини и конзистентни и успешни нови албуми и синглови. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (1-ви март) во 9 часот наутро on-line на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија по следните цени и категории:

  • Партер1 – 1.000 денари
  • Партер2 – 1.200 денари
  • ВИП влезници (само 148 влезници) – 1.500 денари

Бидете дел и од овој концерт кој една од најдобрите продуценски куќи годинава го подготвува само за Вас!

Можеби ќе ве интересира: