Се ближи Новата година, а со самото тоа и подготовките околу вечерта, пречекот и прославувањето на новата 2013-та. Некои од вас се возбудени и уште одсега планираат и се подготвуваат, а пак некои ќе бидат на своите работни места и речиси им е сеедно за прославата. Но тоа не е така со кумановци! Тие уште одсега знаат како, на кој начин и со кого ќе ја дочекаат Новата година.
Ако изминатите години за пречекот на најлудата ноќ тие имаа привилегија да ги гледаат и слушаат во живо Северина и Хари Варешановиќ (Хари Мата Хари), оваа година тие ќе бидат почестени со познатата хрватска поп пејачка Данијела Мартиновиќ. Како што велат градските власти, освен Данијела, се преговара и со уште еден познат изведувач од Србија, претпоставуваме дека станува збор за фолк изведувач, но сепак од таму тоа не ни го открија.
Данијела Мартиновиќ во моментот е актуелна со најновиот сингл “Распашој” кој изминатиот викенд таа го промовираше во хрватското тв шоу “Танц со ѕвездите”. Дали Данијела ќе се појави во Куманово со нов стајлиг или во она старо издание како што ја знаеме, тоа ќе остане само енигма до 31.12.
Подготви: Марија Поповска
