Музика на кирилица

Гага Лубриќ ново име на македонската музичка сцена

Релативно новото име на домашната музичка сцена Гага Лубриќ има нов проект. Откако ја отпеа баладата “За години сто”, посветена на неговата сопруга Весна, Гага не застанува и веќе подолго време интензивно работи на втората нумера насловена “И овој пат”. Овој пат Лубриќ на македонската публика ќе и се претстави со песна во побрз ритам, односно песна во техно/поп аранжман, зад која повторно сто авторскиот тим Славиша Кибровски чие дело се музиката и аранжманот и Огнен Неделковски кој стои зад текстот. Освен македонска, Гага за оваа нумера сними и српска верзија.

“Овој пат Гага ќе го видиме и чуеме во едно сосема поинакво светло. За разлика од неговата дебитантска песна, “И овој пат” носи сосема поинаков ритам. Песната е во завршна фаза од изработката, а до крајот на месецот треба да биде снимен и спотот”, вели Кибровски кој е автор на темата. Двете нумери ќе бидат дел од албумот прваче на Лубриќ, кој доколку се оди според планираната динамика на домашната публика ќе биде претставен во текот на следната година.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: