Џими Пејџ, гитаристот на „Лед Цепелин“, на својата веб-страница ја објави песната „The Seasons“ која до сега немавме прилика да ја слушнеме.
Оваа песна, која е демо на песната „The Rain Song“, тој ја објави на својот YouTube канал за да ја прослави 50-годишнината од петтиот албум на познатата група „Houses of the Holy“, кој беше објавен на 28 март 1973 година.
„Пред 50 години на денешен ден беше објавен „Houses of the Holy“. Мојата оригинална идеја за почетните нумери за албумот беше кратка увертира, возбудлив инструментален вовед со слоевити електрични гитари, кој ќе продолжи на „The Seasons“, подоцна наречена „The Rain Song“. „The Seasons“ ми беше потсетник за редоследот на песната и различните идеи што ги имав за неа во нејзината ембрионска сцена. Работев на неа една вечер дома со рутинизирање на увертирата, сега наречена „The Plumpton and Worcester Трки“, се роди полувремето, а увертирата се обликуваше во песната „Тhe Song Remains the Samе“. – изјави Пејџ.
