Неодамна ве информиравме за нејзината свршувачка, одморот со саканиот во Охрид… а до судбоносното ДА веројатно ќе почекаме. Овој пат нашата позната фолк пејачка Сузана Гавазова за потребите на нејзиниот најнов видео спот ќе облече невестински фустан пеејќи му на својот сакан “Умирам по тебе”. Оваа песна Гавазова ја отпеа на овогодинешното издание на “Валандово”, зад музиката и аранжманот се потпишува Дејан Момировски, додека текстот е на Борче Нечовски.
Додека се појави новиот спот на Гавазова и го промовираме во 24 Промо, погледнете го во продолжение настапот од “Валандово” на веќе спомената песна “Умирам по тебе”.
Подготви: Александра Блажевска
