Во неодамнешното видео на познатиот битолски продуцент, композитор, музичар и водител, Мими Марковски, гостуваше Ламбе Алабаковски, едно од најпознатите македонски музички имиња кои како што вели конечно се врати во својата родна земја Македонија и нема намера повеќе да се сели од истата.
Во видео серијалот наречен “Возење со Мими во Југо” разговараа на многу интересни теми меѓу кои и за настапот на Ламбе на минатогодишното издание на “Фолк Фест валандово”, како и Фестивалот за забавни мелодии “Макфест”. Ламбе за сето тоа го кажа следното:
“Пајак и Лара беа во вечерта каде што се натпреваруваа на “Макфест”, ние бевме во вечер… и пак ако одам на “Макфест” ќе бидам во ревијалната вечер. Три пати сум учествувал, неколку пати имам победено… немам намера да се натпреварувам, тие се помлади и во друг жарн. И секоја чест, многу интересна песна имаа тие двајцата, сега тоа се слуша, тоа го слушат помладите. Мене искрено не ме личи јас да земам таа песна да ја испеам, а искрено, сакам да направам некаква музичка соработка со Пајак, во смисла јас да си го отпеам својот дел а тој неговиот да го израпува. Можно е во идниот период да направиме дует со Пајак, јас дечкото лично не го познавам но затоа пак Иван Јованов-Ивајо кој што соработува со него тоа би го направил и заедно би го направиле”, изјави Ламбе на прашањето дали би сакал да сними дует со младиот и веќе надалеку популарен Пајак.
Што друго Ламбе кажа за неговиот живот, музичката кариера и многу повеќе од тоа… погледнете го видеото во продолжение:
