Музика на кирилица

Кристина Арнаудова повторно е активна на музичко поле

Познатата македонска пејачка и хуманитарец Кристина Арнаудова повторно е активна на музичко поле. Од денес целиот нејзин музички опус е достапен на сите дигитални платформи како Deezer, Spotify, Apple Music и YouTube. Покрај достапноста на дигиталните платформи таа најавува и нова песна под насловот „Засекогаш“.

Конечно, целата моја музика, на сите дигитални платформи. Ако сакате да сум искрена, од кога ја создадов „Проект Среќа“ a престана да ме интересира да ме има како артист, пејачка, музичар… и сакав тоа да го оставам позади мене, и сосема да се посветам на хуманитарната работа, и децата на кои им требаме. Годинава сфатив дека музиката е голем дел од мене, и не можам да ја отфрлам како да не постои. Затоа ете, дури сега ме има на дигиталните платформи. И затоа наскоро ќе ја чуете „Засекогаш“.

Можеби ќе ве интересира: