Балканленд

Марија Шерифовиќ со отворен повик му дава шанса на младите автори

Марија Шерифовиќ оваа година ќе го објави својот нов албум за кој се избрани 90% од песните но Марија одлучи да даде шанса на млади и неафирмирани автори да испратат свои дела.

Време е за нов албум, да луѓе мои, официјален е! Признавам, избрав 90% од песните што ќе се најдат на мојот нов студиски албум, но за сите луѓе на кои музиката им е живот (како мене), верувам дека следната информација, односно поканата, ќе биде многу интересна. Имено, ги поканувам сите млади, неафирмирани, креативни луѓе кои немаат пат и начин нивната песна да допре до нас изведувачите, да ги преземат работите во свои раце! Отворам повик за сите вас да ми ги испратите вашите демо снимки што е можно поскоро! Многу е едноставно, испратете ја вашата работа на [email protected] и искрено се надевам дека можеби вашата песна ќе се најде на мојот нов студиски албум.

Можеби ќе ве интересира: