Културо

Концерт со маестро Шаровски и хорнистот Боштјан Липовшек

В петок, на 5 мај, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Вилает” на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се „Унгарски танц” бр. 1 и Четвртата симфонија од Јоханес Брамс и Концертот за хорна и оркестар од Реинхолд Глиер.

Германскиот композитор и виртуоз на пијано Јоханес Брамс (1833 – 1897), кому Роберт Шуман ќе му помогне да се афирмира како автор, се смета за еден од претставниците на романтизмот, иако структурата на неговите дела во најголем дел е – класична.

Унгарски танци се сет од 21 композиција, кои главно се базираат на унгарски теми. Брамс ги завршил во 1879 година. Тие се најпопуларните дела на овој композитор, а оригинално се напишани за четирирачно пијано, а подоцна првите десет биле аранжирани и за соло изведба. Дел од танците се аранжирани и за други инструменти и оркестарски формации.

Можеби ќе ве интересира: