Премиера

„Еден ден“ е новата песна од SMUT (Видео)

Познатиот македонски хардкор бенд SMUT ја објави својата најнова песна „Еден ден“. Тие оваа година ќе слават јубилеј од 25 години, и тоа со концерт на овогодинешниот јубилеен Д-Фест.

Оваа песна ја напишав пред две години. Не можев да продолжам да работам на другите песни кои ми беа испратени од бендот. Немав никаква желба да се занимавам со музика. Не сакав да дојдам ни на последниот концерт, но ми кажаа дека било важно да бидеш помеѓу луѓе што ти значат и ги сакаш и тоа го направив. Во тие моменти бендот и публиката што беше таму ми залепи два врели шамари.Не бев расположен за никакви прослави, концерти, промоции иако бендот имаше многу материјал. Во главата ми се вртеа само овие рифови и зборови како мантра. Ги испратив на бендот и по долга заедничка работа конечно ја спремивме оваа песна. Се надевам исто ќе ви значи и на вас колку и на мене! – истакна Ѓорѓи Иловски.

SMUT - Еден Ден (Official Lyric Video)

 

Можеби ќе ве интересира: