Музика на кирилица

После “Пиволенд” ДНК со настап на “Тикешки гроздобер” во Кавадарци

Скопското кале вчера вечер беше премало да ја собере публиката дојдена да го слушне најдоброто Р&Б дуо во Македонија, ДНК кое заедно со својот бенд со настап во живо ја имаа честа да го отворат шестото издание на “Пиволенд”. Идејата на организаторите на една од најголемите манифестации во земјава да се промовира македонската музика и култура уште на самиот старт беше прифатена од неколку илјадната публика која синоќа се забавуваше со најголемите хитови на ДНК.

Перформансот започна опуштено со истоимената песна од албумот “Срце”, а потоа продолжи со хитовите “Таа тоа го крие”, “Авион”, “Од утро до мрак”, “Што сака нека биде”, “Дада”, “Срце”, “Полна Месечина”, “Навлечен на тебе” итн.

“Задоволството да се отвори една ваква манифестација со настап во живо беше големо. Чувството е неописливо и пресреќни сме што лошите временски услови немаа никакво влијание врз публиката која дојде и одлично се забавуваше со нас на главната сцена на Скопско Кале”, изјавија Панчо и Андреј после настапот.

Утревечер, 13-ти септември петок, ДНК повторно ќе бидат дел од една голема манифестација, овој пат на градскиот плоштад во Кавадарци каде што заедно со својот бенд ќе имаат настап во живо во рамките на “Тиквешки гроздобер 2013”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: