Магазин

Жаре Бербер после 10 години се враќa на ТВ екраните

Познатиот македонски шоумен Жаре Бербер по 10 години пауза се враќа на малите екрани со  емисијата „Галама шоу“ на Канал 5 телевизија.

Ќе креваме галама со највлијателните личности од светот на музиката, филмот, спортот, па и политиката.  Македонската, балканската и светската естрада ја носиме во вашите домови. Ќе вмешаме прсти во животите на познатите пред и зад камерите, но и нескромно ќе кажеме дека ќе ги поместиме границите на естрадата во Македонија, затоа што не следиме трендови, туку ги креираме.

Подготвени сме да ја вратиме вашата доверба и да ви обезбедиме вистинска забава, онаква каква што одамна недостасуваше. – се вели во најавата.

Можеби ќе ве интересира: