Првите две претстави во Јавна Соба (Public Room) во Скопје поминаа со СТОЕЧКИ ОВАЦИИ за најдобриот комичар Жарко Јовановиќ (“Ајде да зажмуримо”).
“Сам против сите” – најбараното и најсмешното стенд ап шоу во Македонија во кое маестрално се прикажани различни ситуации од животот гледани низ призмата на многу јавни личности (Стојанче Ангелов, Стево Пендаровски, Ѓорѓи Иванов, Никола Груевски, Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Зоран Дамјановски-Циц, Максим Димитриевски, Васко Ефтов, Кирил Поп Христов, Мето Јовановски, Сашко Коцев, Горан Пандев, Марко Маринковиќ-Слаткар, Огнен Јанески, Марија Пијаманов-Плевнеш, Раде Шербеџија, Александар Вучиќ, Ана Брнабиќ, Тито и др.) без никакви претензии, навреди или омаловажување, со сета почит кон истите), а претставени на сцената само од еден човек – Жарко Јовановиќ.
Поразлично од класичен стенд ап, театарски имитирајќи ги овие ликови Жарко навистина ја оправда големата заинтересираност на публиката за овој настан. Затоа, купете билети навреме на платформата на Продукција Златен Заб www.zlatenzab.mk, бидејќи првите два настани беа распродадени во краток временски интервал и се бараше билет повеќе, побрзајте за да не ви прераскажуваат другите.
