Магазин

Утре во Public Room – “Две во едно” – стенд ап вечер со Миро и Чедо

Македонската публика утре 31-ви мај среда во Public Room ќе има можност да ужива во два соло настапи на стенд ап комичарите од колективот Кабаре Кабает во соработка со Продукција Златен Заб.

Премиерно ,,Мојот живот Калакурница”, соло шоу на актерот и stand up комичар Мирослав Петковиќ, познат и како Чика Брко. Неговото алтер его раскажува за бизарни и апсурдни ситуации од животот, кој секој од нас ги поминал барем еднаш. А откако ќе ги ги преживеете, сигурно си велите во себе: ,,каква калакурница”.

Чедомир Митевски актер, музичар, stand up комичар и професионален дегустатор на храна (гурман на кубен) ќе ни го презентира неговиот таен рецепт “Како е да си дебел глумец во Македонија”. Апел од актерот: ,,На 31ви ќе има много калорични приказне, стопирајте гу диету и процес: морам да имам плочке на плажу до први!”

Билетите се по цена од 250 денари и можат да се набават на платформата на Продукција Златен Заб.

Можеби ќе ве интересира: