Фестивали

Вистинска валандовска приказна – кога ќе замрзнат погледите

На првата пред фестивалска вечер на “Фолк фест Валандово” која се одржа на 26-ти мај на Градскиот плоштад во Валандово се случи една голема вистинска и емотивна средба. Како што велат за Музика24 очевидците на овој настан, средбата била повеќе од изненадувачка.

Имено, со доаѓањето на еден од музичките имиња за таа прва вечер, познатиот Жељко Самарџиќ, дошол и неговиот личен шофер кој го возел до Валандово. Откако тие седнале во првото кафуле да земат малку душа и да се одморат со една пијачка пред да се случи музичката проба за вечерта да биде нели музички совршена, се случила и таа емотивна средба.

Сопственикот на кафулето дошол да ги поздрави своите гости, знаејќи дека станува збор за големиот Самарџиќ… но тука се замрзнуваат погледите. После 32 години тој го препознава личниот шофер на пејачот, а тоа е всушност неговиот најдобар пријател и другар за време на војничките денови во тогашната ЈНА кога тие двајца заедно служеле војска во Нови Пазар во 1991 година.

За Музика24 очевидците велат дека имало и прегратки, но и многу солзи и сеќавања, разговори и муабати на тие преубави денови кои за жал се веќе минато.

Можеби ќе ве интересира: