Балканленд

Сенидах и Лепа Брена ги мерат силите на Red Bull SoundClash

Ако сте во потрага по највозбудливиот музички настан на летото, тогаш дефинитивно Red Bull SoundClash е нешто што не смеете да го пропуштите.

Red Bull SoundClash, музички настан со традиција од скоро-па-20-години, е концепиран на тој начин да подразбира настап на две музички легенди кои наизменично (и заедно), на две бини, ги изведуваат сoпствените (и обратно) музички нумери во неколку рунди.

На 2 јуни, на Долен Калемегдан во Белград, ќе се случи првиот Red Bull SoundClash во Србија каде ќе се судрат две музички кралици – Лепа Брена и Сенидах. Музички спектакл во најава!

Овој единствен и уникатен музички дуел е синоним за врвна забава и незаборавно искуство кое, според зборовите на музичките диви Лепа Брена и Сенидах, ќе биде повеќе од уште еден концерт.

Двете пејачки ќе се обидат да се презентираат во најдобро светло на две бини, а секоја со сопствениот шарм, харизма и препознатлив стил ќе даде свој печат. Од друга страна, публиката ќе добие неповторлива шанса вистински да ужива во никогаш-до-сега-невиден аранжман и изведба на дел од најголемите музички хитови на овие две балкански диви.

Не пропуштајте ја оваа единствена животна шанса да пеете и да се забавувате во придружба на познатите хитови на Лепа Брена и Сенидах! Купете си карта за настанот на Cooltix.rs, Tickets.rs или Gigstix.rs и летото официјално може да започне!

Можеби ќе ве интересира: