Популарниот македонски трап артист Пајак по хит дуетите со Лара Иванова, Антониа Гиговска и МС Стојан, летото го започна со дует со популараната Теодора Џехверовиќ. Пајак заедно со Наполоен е автор на текстот и музиката за „Летња авантура“, а Иван Јованов – Ивајо беше задолжен за аранжманот.
„После толку време подготовка на овој прекрасен проект, мило ми е што ќе слушнете една емотивна-љубовна песна, изработена со една прекрасна личност како што е Теодора Џехверовиќ“, објави Пајак.
„Мислам дека на сите нас помалку ни недостасува љубов, а тоа е она што сите ние со овој проект сакавме да ви го дадеме. Ви посакувам најубаво лето со најубавата летна песна“, напиша Теодора.
