Бојан и Марија од Ај Кју по успешната преработка на „Молитва” ни ја претставуваат нивната нова песна „До тебе”. Музиката и текстот го напишаа уиграната комбинација Бојан Трајковски и Кристина Арнаудова а продукцијата и аранжманот се на Роберт Билбилов. Песната е снимена во JustRBproduction.
„За одредени песни едноставно знаеш дека има нешто посебно и дека се поклопиле енергиите на сите вклучени во тимот, токму за оваа песна така се чувствувавме”. – изјавија за медиумите.
Ај Кју спотот го снимија во Лондон, каде во последно време се поактивни на музички план со настапи и снимања, но најавија дека летово ќе имаат настапи и низ Македонија.
