Кога Арета Френклин почина од рак на панкреасот во август 2018 година, сите мислеа дека таа не оставила тестамент за имотот вреден милиони долари. Но, девет месеци подоцна, три рачно напишани тестаменти беа пронајдени во нејзиниот дом во Детроит, Мичиген, вклучително и еден заглавен меѓу перниците на софата во дневната соба.
Овој април никогаш претходно слушнати говорни пораки пред смртта на кралицата на соул-музиката за потенцијален четврти тестамент ја засилија интригата. Судењето со порота, кое почнува в понеделник, ќе се обиде да стави крај на ќор-сокакот меѓу наследниците на богатството на Френклин.
Се очекува судењето во оставинскиот суд во округот Оукленд да трае помалку од една недела. Поротата од шест лица ќе ги сослуша сведоците, вклучувајќи ги децата на Френклин, нејзината внука Сабрина Овенс и еден експерт за ракопис.
Осумнаесеткратната добитничка на „Греми“ сними десетици песни, кои беа на врвот на топ-листите и беше првата жена примена во Куќата на славните на рокенролот. Но, Френклин беше прилично тајна за своите финансии и наводно се спротивставила да подготви формален тестамент и покрај со години лошото здравје.
Кога почина, отсуството на тестамент наложи дека нејзиниот имот – вклучувајќи куќи, автомобили, крзна и накитот – ќе биде еднакво поделен меѓу четирите сина. Меѓутоа, неколку месеци по нејзината смрт, беа откриени три верзии на тестамент – две во заклучен кабинет (од јуни 2010 година) и една во тетратка оставена под перница (од март 2014 година).
