Културо

“Trio Dolce” со концерт во понеделник во фоајето на ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп (Фото)

На 24.07.2023, понеделник, со почеток од 20 часот во фоајето на ЦК ”Марко Цепенков” концерт ќе одржи “Trio Dolce”. Тие претставуваат музички состав кој активно и успешно концертира на домашната и меѓународната музичка сцена. Формиран е во 2016-та година од академски, професионални музичари. Во изведувачкиот опус може да се најдат и се опфатени композиции од сите временски епохи.

Овој музички состав, во 2021 год. освои неколку меѓународни награди и тоа:

  • Прва награда – „Laureate“ златен медал, на меѓународниот уметнички фестивал во Италија – „Future Stars“ на фондацијата Sopravista International Festoval – Contest, во категоријата Инструментална музика.
  • Втора награда, во категоријата Инструментална музика за камерни состави, на еден од најпрестижните Меѓународни музички натпревари во Москва, Русија – International Moscow Music Competition / Second prize winners.
  • Прва награда „Laureate“ на International Online Contest INTERNATIONAL ONLINE CONTEST “Prometheus” – Болоња, Италија.

Музичкиот состав “Trio Dolce”, на реномираниот музички фестивал “Muzikale Delle Nazioni – Concerti del Tempietto во Рим, Италија, минатата година одржа целовечерен концерт во Teatro di Marcello, а во септември истата година одржа целовечерен концерт во „Св.Софија“ во Охрид, во чест на Јубилејот на Митрополит Дебарско-кичевски Г-дин Тимотеј.

“Trio Dolce” го сочинуваат: Светлана Богданоска Ристоски – флејта, Андријана Дукоска – виолончело и Марија Шамоска Буџаковски – пијано.

Можеби ќе ве интересира: