World Music

Пол Макартни тргнува на турнеја

Во вторникот познатиот член на Битлси објави дека напролет ќе настапува ширум оваа земја. Турнејата ќе започне во Аделаида на 18-ти октомври, град каде што 350.000 луѓе беа на улиците кога Битлси првпат ја посетија Австралија во 1964 година.

Тој потоа ќе се упати кон Мелбурн на 21-ви октомври, пред да замине за Њукасл на 24-ти октомври и Сиднеј на 27-ми октомври. Турнејата ќе заврши со настап во Бризбејн на 1-ви ноември, како и на Голд Коуст на 4-ти ноември. Макартни рече дека има неверојатни спомени од неговите претходни посети на Австралија.

“Нашето последно патување беше многу забавно. Неверојатно си поминавме. Секој концерт беше забава, така што знаеме дека ова ќе биде многу посебно. Австралија, ајде да лудуваме! Едвај чекам да ве видам”, вели Макартни.

Можеби ќе ве интересира: