World Music

Познатиот рапер Drake за 1,01 милиони долари го купил прстенот на раперот Тупак

Кралскиот прстен кој мегапопуларниот починат рапер Тупак Шакур сам го дизајнирал, а кој раперот го носеше за време на неговиот последен ТВ настап на МТВ видео музичките награди во 1996 година, пред да биде застрелан и убиен во Лас Вегас, беше продаден на аукција оваа недела за 1,01 милиони долари. Купец на златниот прстен е колега на Тупчак, популарниот Дрејк.

Раперот, наводно, се открил како купец на прстенот, откако на промоцијата на својата нова песна „Meltdown“ во која настапува Тревис Скот, се појавил со престенот на рака. Инаку славниот прстен има круна обложена со злато, рубини и дијаманти.

Тупак го дизајнирал прстенот за време на креативниот период. Раперот потоа се повеќе се фокусирал на програмите за млади, почнал да глуми и да развива свои проекти. Но, во тој креативен период 25 годишниот Тупак беше убиен во пукање во автомобил, напиша, „The Huffington Post“.

Можеби ќе ве интересира: