Washington Metropolitan Area Transit Authority во соопштение за печат открива дека Renaissance World Tour ја платила сметката за „возење повеќе возови, одржување на отворени сите 98 железнички станици и други оперативни трошоци“ за дополнителниот час на сообраќање на возот.
41-годишната пејачка вообичаено излегува на сцената околу 21 часот, но во неделата задоцнила бидејќи службите испратиле предупредување за опасното време и им наложиле на жителите да побараат засолниште поради невремето.
Иако дождот продолжил да паѓа во текот на целата вечер, тоа не ја спречи Бијонсе да настапи. Посетителите биле пуштени во салата околу 20:25 часот, а благодарение на Бијонсе доцнењето не им ги нарушило плановите за враќање дома.
