Во прв ред

Фестивалот на пиперката во Кривогаштани со поддршка за македонските изведувачи (Фото)

На 27-ми Август општина Кривоштани за прв пат ќе го организира Фестивалот на пиперката. Целта на фестивалот е да се прослави црвеното злато на Кривогаштани преку убава музика, храна, дружење и забава. Покрај промоцијата за локалните производители и агро бизниси, целта на фестивалот е дополнително да даде поддршка на македонски изведувачи. Па така на фестивалот ќе настапат: Игор Џамбазов и Гуру Харе, Андријана Јаневска, Елена Велевска и Драган Темелковски – Џони. Покрај нив на програмата се и локални изведувачи, а ќе има и ди-џеј.

„Бидете подготвени за добра храна, музика и забава“, посочуваат организаторите Општина Кривогаштани во соработка со ЛАГ Агро Лидер!

Можеби ќе ве интересира: