Судот одлучи во корист на српската пејачка Цеца, нејзината колешка Јелена Карлеуша мора да и плати 270.000 динари. За клевета, Јелена треба да плати 200.000 динари, а за судски трошоци уште 70.000. Три години се чекаше епилогот на тужбата која Цеца ја поднесе поради објавеното отворено писмо на фејсбук, каде Карлеуша жестоко ја нападна.
Најпознатата пејачка на Балканот, Светлана Ражњатовиќ, долго време молчеше на навредите од нејзината колешка, а тужбата ја поднесе во декември 2010 година. Парите кои ќе ги добие од судскиот процес, ќе ги донира во хуманитарни цели.
Подготви: Александра Блажевска
