Магазин

Македонските Бибер-ки со видео порака го покануваат во Македонија (Видео)

Македонските обожавателки на светски познатиот тинејџер Џастин Бибер бараат од неговите менаџери на турнејата “Beleive” да гостува во Македонија и да одржи концерт. Тие заедно здружени подготвиле видео порака до менаџерите на Џастин, а истовремено и до него во кое тие му ја изразуваат својата љубов и го покануваат да дојде во Македонија и да пее за нив и за македонската публика.

Бибер според распоредот на настапи и концерт, во октомври ќе настапува во Јужна Америка, а потоа неговите хитови ќе имаат привилегија да ги слушнат во Мексико и во Австралија, со што неговата турнеја и завршува. Во продолжение погледнете го видеото кое македонските обожавателки на Џастин Бибер го снимија за него и со кое што посакуваат тој да биде гостин во Македонија и тука да одржи концерт.

Подготви: Викторија Трајковска

Можеби ќе ве интересира: