Имам нешто да те прашам

Лука Горгиевски (Funk Shui): Во Новата година посакувам сите да пораснеме (Фото+Видео)

Тој е интересен, позитивно откачен, симпатичен и харизматичен вокал, истовремено и фронтмен на еден од најдобрите македонски бендови Funk Shui. Тој е момче кој што својата енергија ја изразува на сцената и преку музиката на само за него уникатен и оргинален начин.

Што одговори Лука Горгиевски за Музика24 и во новогодишното интервју, прочитајте во продолжение.

Музика24: За разлика од предходните неколку години, оваа година многуте музички фестивали (кои за среќа се уште постојат) понудија голем број на композиции и песни кои претендираат да бидат хитови. Која песна според тебе ја одбележа 2023-та година и го заслужува епитетот Хит на годината?

Лука Горгиевски: Пред се благодарам за поканата за ова интервју. Мене 2023-та ми ја одбележа песната „Сите лажете“ од новиот албум на „Чиста околина“ – приватно. Професионално ја заокружувам годината со „Чај“ од Funk Shui. За да не ми се налутат од бендот. Други песни не слушав зошто живеев во подрум.

FUNK SHUI - ЧАЈ

Музика24: Се приближува популарната новогодишна еуфорија кога секојдневно се случуваат забави, афтер парти, шопингувања… Во потрага сме по најубавиот подарок за најсаканите… Дали и тебе ти се случува во овој период од годината да бидеш еуфоричен, односно, како тебе ти делува целата новогодишна еуфорија?

Лука Горгиевски: Апсолутно, го обоќавам овој период. Еве дури и јас сум во потрага по мојот подарок за себе, се надевам и за публиката. Тоа е гитара од моделот Mustang кој верувам ќе ми подари многу нови мелодии, хармонии и ора.

Музика24: Кога веќе ги споменуваме новогодишните подароци, како одбираш што да подариш, односно, според што се водиш кога одбираш новогодишен подарок?

Лука Горгиевски: Подарувам само кога знам. А знам кога сакам.

Музика24: Дали се уште веруваш во легендата за Дедо Мраз и дали за него имаш годинава некоја порака?

Лука Горгиевски: Верувам во се во овој момент, и имам многу пораки. Всушност една е… ќе ви ја отсвирам некогаш.

Музика24: Со новогодишната порака би го завршиле овој интересен раговор, па ајде да чуеме на кој начин ќе им ја честиташ Новата година на вашите фанови, обожаватели, сите оние кои што ве почитуваат и сакаат и секако на читателите на единствениот музички портал во Македонија, Музика24?

Лука Горгиевски: Посакувам сите да пораснеме. Цела моја околина и сите мои луѓе да бидат среќни за да успееме да ги придвижиме околностите кои се нималку лесни. Но се инспиративни. Среќна нова и подарувајте.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: