World Music

Бритни со новиот спот направи бум, истиот забранет во Велика Британија (Видео)

Бритни Спирс правеше пауза од две години, а сега направи вистински бум со спотот за песната “Work Bitch” кој за 24 часа го прегледале 7 милиони луѓе, а до сега има над 8 милиони прегледи. Во него ќе ја препознаете старата Бритни, разиграна и секси. Пораката во песната е јасна – ако сакаш нешто да направиш во животот тогаш РАБОТИ КУЧКО. Но и покрај овој податок, пејачката не само што го кажува зборот “bitch” дури 19 пати, туку во исто време има и повеќе од “жешки” сцени со танчерите.

Спотот повеќе личи на садо-мазо филм, отколку на видео за новиот сингл на пејачката. Ова ги натера телевизиите во Велика Британија да го забранат прикажувањето на видеото пред 22:00 часот. Каналите ја повикаа ѕвездата да ги “исчисти” спорните сцени, за да може да се емитува спотот и во текот на денот.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: