Познатиот штипски бенд за кој досега во неколку наврати ве информиравме и пишувавме “No End” повторно ќе настапи на фестивалот за забавни мелодии “Макфест”. Тие на фестивалот настапија во 2011-та со песната “Мојот храм”, а оваа година повторно му се враќаат на еден од најстарите музички фестивали во Македонија и на сцената ќе ја исполнат песната “Почеток и крај”.
Макфестовската песна е снимена во штипското студио “Kентаур продукција”. За песнатата комплетно се погрижи Роберто Поп Димитров. Четворицата млади музичари од овој веќе докажан бенд, како и секоја година досега, така и оваа, ќе настапат на “Пастрмалијада open fest” кој пак ќе се одржи во исто време додека трае “Макфест”.
Подготви: Марија Поповска
