Covers

Студенти на ФЕИТ Ви порачуваат: “Слушајте македонска музика!” (Видео)

Деновиве на светскиот музички интернет канал YouTube популарни станаа двајца млади момци кои како што велат во видеото се електраши (студираат на ФЕИТ). Охриѓанецот Богдан Василевски кој е вокал и битолчанецот Огнен Димоски кој е beatbox артист, снимија видео во кое им порачуваат на сите млади, а и сите останати, да слушаат македонска музика.

Во седум минути, колку што трае видеото, со помош на гитара и beatbox заедно исполнуваат и миксаат повеќе македонски забавни песни кои се познати и кои можеби одамна не сте ги слушнале. Со оглед на тоа колку го имаат од Вас погледнато ова видео, веруваме дека пораката е пратена – целата е постигната.

Во продолжение, погледнете го оргиналното видео кои овие момци го спакуваа и го снимија само за Вас, македонската публика.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: