Музика на кирилица

“Тишина” Софија Манева го промовираше во Кавадарци

Младата македонска поп пејачка Софија Манева во средата вечер во познатото кавадаречко кафуле “Стрит бар” го промовираше својот прв албум насловен едноставно “Тишина”.

“Промоцијата на мојот прв албум со радост ја правам во мојот роден град Kавадарци, продолжувајќи ја традицијата на музиката од античките времиња до современата светска музичка сцена”, изјави Манева.

Младата пејачка во текот на веќе изминатото лето промовираше две песни “Тишина” и “Чудовиште”. Како што самата таа вели, инспирација за насловната песна “Тишина” нашла во моменталната состојба на македонската музичка сцена и со која што повикува на колективно будење против труењето од турбо фолкот. Останатите песни кои се снимени во студиото на Манева, се инспирирани од различни секојдневни случки, емоции, чувства и размислувања на на младата пејачка.

Софија манева ја паметиме по песната “Лигав тип”  со која што таа јавно ја нападна вулгарноста на раперите кои што ја искажуваат преку нивните песни.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: