По вчерашната единствена полуфинална вечер, “Макфест” вечерва финишира со финалето каде на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи, шестина одбрани од стручното жири, а останатите од гласовите на публиката која присуствуваше вчера вечер присуствуваше и имаше можност да гласа. Во продолжение погледнете ја листата со поени од вчерашната полуфинална вечер која Музика24 ексклузивно Ви ја претставува.
На денешната втора по ред прес-конференција, Г-нот Драган Ристов кој е дел од овогодинешната организација на фестивалот, истакна дека оваа година полуфиналната вечер а и самото гласање поминало во најдобар ред и дека од сите гласачки ливчиња, само 6 не биле важечки. А уметничкиот директор, познатиот Драган Мијалковски, додаде дека е задоволен од вчерашната вечер и дека иако 6 композиции не се веќе дел од фестивалот, сепак, тие се дел од овогодинешното издание на “Макфест” и дека нема потреба од било какви реакции бидејќи секој си има своја публика и место под сонцето.
Вечерва во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип, гледачите, а и присутните во салата, на макфестовската сцена ќе имаат можност да ги погледнат следните изведувачи кои на сцената ќе излегуваат по следниот редослед:
1. Коки Петрушев – “Љубовта лузни остава”
2. Игор Митровиќ – “За крај”
3. Сања Лефкова – “Засекогаш ти”
4. Дејан Тасев – “Река”
5. Маја Вукичевиќ – “Празни булевари”
6. Боби Мојсовски – “Застани”
7. Ива – “Не, не, не… да, да, да”
8. Љупка Најдановска – “Во твоите раце”
9. Ѓорги Димитров – “Ти простив уште тогаш”
10. Горан Милошевски и Огнен Јаневски – “Сенка”
11. Ангела Русо – “Можеш ти без мене”
12. Ивана Миланова – “Ти немаш срам”
13. Кристина Арнаудова – “Земи ме”
14. No End – “Почеток и крај”
15. Мартинијан Кириловски – “Како да те украдам”
16. Панче Илиев – “Боли”
17. Марија Бунда – “Не ме познаваш” и
18. Александра Јанева – “Врати ми го сонцето”
И оваа вечер, како и секогаш досега, во ревијалниот дел ќе настапуваат изведувачи кои ќе ја забавуваат присутната публика, а и гледачите пред малите екрани. Вечерва на сцената во ревијалниот дел ќе се појави италијанско-бугарската група “Шаша”. Оваа група, како што велат организаторите, претставува еден од најдобрите состави во Република Бугарија која што со огромна енергија и полна пареа секојдневно ги полни салите и клубовите секаде каде и да настапат. Оваа мешана музичка група е составена од вокалот Гергана Добрева, гитаристот Светослав Колев-Цври и бас гитаристот Доменико Форнари.
Музика24 останува тука во Штип каде Ви подготвува низа интервјуа кои ќе имате можност да ги читате во текот на следните неколку дена. А секако, не заборавајте и вечерва да го следите 28-то макфестовско издание кое ќе во живо ќе се пренесува на првиот канал на Македонската телевизија.
Од Штип за Музика24: Иван Јосимовски
