Балканленд

Макфест 2013: Се е подготвено за стартувањето на 28-от “Макфест”

По прес-конференцијата и генералната проба, се е подготвено за стартување на 28-то издание на фестивалот за забавни мелодии кој што секоја година се одржува во градот под Исарот Штип – “Макфест 2013”. Оваа година, во организација на Општина Штип, за прв пат “Макфест” се одржува во две вечери, односно вечерва ќе се одржи првата и единствена полуфинална вечер, додека пак утре ќе се одржи финалето каде ќе бидат прогласени победниците на овогодинешното макфестовско издание. Но затоа, во следните наши извештаи одтука, од Штип.

Во 21 часот, како што е закажано стартувањето на полуфиналната вечер, на сцената во Домот на културата “Ацо Шопов” ќе можете да ги погледнете следниве изведувачи и тоа по следниот редослед:

1. Ивана Миланова – “Ти немаш срам”

2. Дејан Тасев – “Река”

3. Емили Ред Гарден – “Оди и невраќај се”

4. Сања Лефкова – “Засекогаш ти”

5. Марија Бунда – “Не ме познаваш”

6. Боби Мојсовски – “Застани”

7. Горан Милошески и Огнен Јанески – “Сенка”

8. Денис Димоски – “Малечка”

9. Филип Филиповски – “Преправи се во мене”

10. Љупка Најдановска – “Во твоите раце”

11. Маја Вукичевиќ – “Празни булевари”

12. Коки Петрушев – “Љубовта лузни остава”

13. Ива – “Не, не, не… да, да, да”

14. Игор Митровиќ – “За крај”

15. Ангела Русо – “Можеш ти без мене”

16. No End – “Почеток и крај”

17. Горан Наумовски – “Пополека ме убива”

18. Мартинијан Кириловски – “Како да те украдам”

19. Александар Богдановски – “Здивот нежно крамин брише”

20. Наталија Мејанџиева – “Ти топиш секој мраз”

21. Ѓорѓи Димитров – “Ти простив уште еднаш”

22. Кристина Арнаудова – “Земи ме”

23. Александра Јанева – “Врати ми го сонцето”

24. Панче Илиев – “Боли”

Тоа се сите 24 композиции кои вечерва тука присутните, а и сите Вие останати кои ќе го следите “Макфест” преку Македонската телевизија, ќе имате можност да ги бодрите, да навивате и да си создадете нов музички идол и хит во идниот период. Новитет годинава е тоа што по 12-та композиција ќе има мала музичка пауза во која на сцената ќе се појави холандскиот музичар Вил Нелеман кој освен останатите песни, ќе отпее и неколку песни на македонски јазик.

На утрешната и последна вечер од “Макфест”, ќе бидат исполнети 18 композиции од кои 12 ќе се изберат според гласовите на публиката присутна во салата, а 6 определува дирекцијата на фестивалот.

За околу половина час започнува најновото 28-мо макфестовско издание, а Вам ништо друго не Ви преостанува освен во 21 часот да го вклучите првиот програмски сервис на Македонската телевизија и со добро одбрано друштво да уживате во музиката која што “Макфест” ќе Ви ја понуди.

Од Штип за Музика24: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: