World Music

Биографскиот филм за Боб Марли руши рекорди на гледаност (Видео)

„Bob Marley: One Love“, биографскиот филм за легендарниот пејач од Јамајка, со недели по објавувањето ги руши рекордите на гледаност во кината ширум светот.

Филмот имаше светска премиера на Денот на вљубените, а сега претставува вистинска сензација во кината за сите генерации од публиката, носејќи уште една победа за процветување на биографските филмови за музичарите кои го преплавија Холивуд. Посебно фасцинира демографската разновидност на публиката. Филмот го привлекол вниманието кај сите возрасти, а особено кај младите филмски посетители кои дури не биле ниту родени кога музичарот починал во 1981 година.

Главната улога во филмот ја толкува Кингсли Бен-Адир, а за продукцијата заслужен е синот на Боб Марли, Зиги Марли.

Bob Marley: One Love - Official Trailer (2024 Movie)

Можеби ќе ве интересира: