Авалон продукција ја поканува публиката на една совршена метал вечер, после навистина долго време во Македонија, посветена на Metallica, на која ќе може да слушнете единствен импресивен спој на песните на Metallica заедно со голем симфониски оркестар на 27-ми април во СЦ „Борис Трајковски“.
Преку изведба на најголемите песни на Metallica, како “The Unforgiven”, “Nothing Else Matters”, “Enter Sandman”, “Master of Puppets”… Black Symphony е проект добро познат за сите металци во регионот и Европа кој додава необичен и возбудлив мистичен пресврт на музиката на дефинитивно најголемиот хеви метал бенд во историјата на музиката. Фузијата на двете контрастни атмосфери, моќните ,,рифови” и мелодијата од богатиот оркестар ќе го воодушеват не само секој фан на Metallica, туку и секој фан на музиката како уметност; критиката и публиката која ширум Европа имаше прилика да го види овој настан одушевно тврди ова е show после коe кожата останува наежена, а одушевувањето од квалитетната ,,врева” трае со денови!
Влезниците ќе бидат во продажба од понеделник (1-ви април) онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следните цени и категории: Партер – 700 денари, Фан пит – 1.000 денари, Трибина (седење) – 1.200 денари.
