Музика на кирилица

Фолкерката Вера Трајкоска од Австралија кариерата ја продолжува во Македонија

Чудно, но вистинито и за голема пофалба. Додека сите останати наши фолк пејачки или пејачи одат во Австралија на неколку месечни турнеји, што понекогаш и ги забораваме и се прашуваме каде се и што прават, фолк пејачката Вера Трајкоска која што кариерата ја започнала токму таму во Австралија, се сели во Македонија и тука продолжува со музиката. Таа за “Вечер” вели:

“Имавме голема желба да дојдеме и да поживееме во Македонија. Пејачот и композитор Оливер Глигоров ги видел моите клипови на Јутјуб и стапи во контакт со мене, и така тој и неговата сопруга Милица Настовска – Глигоров ми направија песна со која учествував на годинешниот валандовски фестивал, а потоа и на “Охридски трубадури”, изјави фолк пејачката Вера Трајкоска.

Таа меѓудругото открива дека досега работела во јавната администрација во Австралија, но поради огромната љубов кон музиката таа комплетно се посветува токму на неа. Настапите тука во Македонија ја исполнуваат и едноставно сето тоа што го работи се надева дека и се допаѓа на публиката. Додека е тука во родната земја, таа планира да го издаде и новиот трет албум со македонски новокомпонирани песни.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: