Еден од најпознатите македонски поп пејачи Ламбе Алабаковски од неодамна не е повеќе ексклузивец на М2 продукција. По речиси цела деценија успешна соработка и проекти, Ламбе пред извесно време потпиша договор со “План Б” продукција и од тој момент стана нивни ексклузивец. Ламбе за прв пат го запознавме во 2004-та кога победи во музичкиот проект “М2 – Потрага по ѕвезда” и одтогаш па натаму редеше песни кои стануваа хитови и проекти кои беа далеку од успешни.
Од “План Б” прудукција за целиот трансер на Ламбе изјавуваат:
“Потпишавме ексклузивен договор со Ламбе на три години. Тој е квалитетен и докажан вокал, а ние ги поддржуваме таквите пејачи. Во наредниот период, за многу брзо време ќе излезе неговиот нов сингл заедно со видео запис, потоа следува настап на “Скопски фестивал” и секако, подготовка на новиот албум”, изјави Кристијан Стефановски првиот човек и сопственик на “План Б” продукција.
Ламбе до сега има издадено три албуми, речиси сите од неговите песни беа хитови, а ние во оваа прилика ќе ги споменеме: “Море од солзи”, “Бело е се”, “Врати ми го срцето”, “Да не те љубев”… и уште многу други. Се надеваме и веруваме дека Ламбе во идниот период со “План Б” ќе направи уште поголеми хитови, погледани спотови и ќе полни сали на своите концерти.
Подготви: Викторија Трајковска
