Covers

24 Covers: Борче Димитров-Рафинерија – “Готово е” (Тамара Тодевска)

Песната од минатогодишното издание на “Макфест” – “Готово е” во изведба на познатата македонска пејачка Тамара Тодевска, која оваа година доби награда за најслушана песна помеѓу двата фестивали, доби свој ковер. Борче Димитров од групата “Рафинерија” деновиве ја преработи оваа песна и за истата сними ковер верзија која Музика24 во оваа прилика Ви ја претставува.

Видеото за овој ковер го реализираше Бобан Ефтевски од HD game продукција, а освен Борче, во видеото се појавува и турската актерка од Македонија Мелек Мустафа. Аудиото за оваа песна е снимено во студиото “Sound Quest”.

Песната “Готово е” која што минатата година беше хит и најслушана песна, е потпишана од Роберт Билбилов кој ја подготви музиката и аранжманот, додека текстот е на Игор Џамбазов. Во продолжение погледнете го коверот.

Подготви: Дениза Илиевска

Можеби ќе ве интересира: