Нашиот хип-хоп и Р&Б ди-џеј Шорти Пи ака Панчо, оваа сабота на 2-ри ноември ќе има свој сет во Шафхаусен-Швајцарија во тамошниот најурбан клуб “Тап Таб”. По одличните настапи летово на хип-хоп фестивалот “Фреш Ајланд” во Хрватска и последниот во клубот “Фристајлер” во Белград, следна дестинација на Панчо е легендарниот швајцарски клуб каде што настапиле многу еминентни диџеи и артисти.
“Ова е мој втор диџеј сет во “Тап Таб” и презадоволен сум што сум оставил одличен впечаток кај швајцарската публика која има истенчен вкус кога се работи за музика”, вели Панчо. Веќе познатите светски хитови, но и нови синглови од хип-хоп и Р&Б стилот ќе бидат дел од репертоарот на Панчо во сабота во Швајцарија.
Подготви: Викторија Трајковска
