Веќе на неколку наврати пишувавме за нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски дека премина во План Б продукција, а тие пак, неуморни во својата работа веднаш со нова песна за него. План Б на својот youtube канал денес пушти мало промо видео каде што накратко се слушаат првите тактови, односно почетокот на новата песна на Ламбе.
Младиот пејач во видеото среќен и задоволен од завршената работа, самиот ја најавува новата песна која што би требало да се промоврира на неколку радио и тв медиуми на 5-ти ноември во 12.30 часот и 16.30 часот.
Подготви: Викторија Трајковска
