Во прв ред

Вечер на староградска музика во НУЦК „Марко Цепенков“- Прилеп

Вечер на староградска музика ќе се одржи денес 17-ти јули, среда, со почеток од 20:30 часот пред платото на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Во рамки на програмата ќе настапат Октетот „Прилеп“, КУД „Пере Тошев“, хорот „Керамија“, КУД „Пензионер“, како и пејачката група при здружението „Преродба“, кои ќе се претстават со дел од својот богат репертоар на убава староградска песна.

Концертот е дел од програмата на ЦК „Марко Цепенков“.

Можеби ќе ве интересира: