Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт во родната Битола, на Ракометното игралиште на 16-ти август со почеток од 20 часот. Концертот е наречен „Симултан бакнеж“.

„Фолтин“ претходно настапија на „Д фестивал“ во Дојран. Бендот гостуваше на славеничкиот концерт на „Суперхикс“ кој се одржа на 29-ти јуни во паркот кај салата „Расадник“ во Кисела Вода. „Фолтин“ и „Суперхикс“ заедно ја снимија песната „Сила и нервоза“.
