Балканленд

Познатиот Саша Поповиќ префрлен во болница во странство (Фото)

Како што пишуваат српските медиуми, веќе подолго време здравствената состојба на Саша Поповиќ – директорот на Гранд, е во значително лоша состојба. Тој веќе месеци наназад се движи со помош на штаки. Поповиќ во месец мај доживеа незгода паѓајќи на скалите во својот дом, кога и ја повреди ногата.

Кога тој поаѓа на контрола за да провери во каква состојба се наоѓа неговата нога, докторот кој што го лекува забележал дека нешто не е како што треба и во истиот момент му предлага лекувањето да го продолжи во странство.

Како што дознава српски „Свет“, Саша веднаш ги подготвил куферите и заедно со неговата сопруга, познатата пејачка Сузана Јовановиќ заминал на лекување во Германија кај најдобрите познати германски доктори.

„Тој тешко го поднесува периодов кога не е добар, бидејќи тој е човек од акција. Него место не го држи и сите конци сака да ги држи во своите раце, затоа и всушност е толку успешен. Кога ја повреди ногата, и тоа пред самото финале на „Ѕвездите на Гранд“ премногу беше нервозен, но ниту тоа не го спречи да биде присутен и да ги заврши своите обврски до самиот крај“, вели анонимен извор блозок до Поповиќ.

Кога на контролата докторот забележал дека не е се како што треба и дека лекувањето ќе се одолговлечи, Поповиќ се вознемирил и тоа многу го погодило. Ова лето тој нема да летува туку ќе мора да одмора и да се посвети на заздравување на ногата. А секако, неговата сопруга Сузана му е најголема поддршка и едноставно не се двои од него. Таа е голем оптимист и верува дека дека се ќе биде во ред. Таа го смирува и е неговиот глас на разумот.

Можеби ќе ве интересира: