Фестивали

Традиционалниот „Етно Плоштад Фестивал“ од денес 23-ти до недела 25-ти август во преубавото Берово

Како што неодамна ве информиравме, од денес 23-ти август па во следните неколку дена се до 25-ти август, во Берово ќе се одржи традиционалната манифестација „Етно Плоштад Фестивал“ во чии рамки ќе се одржи и саемот на традиционални малешевски производи „Малешевијата на дланка“.

Оваа година, организаторот, Општина Берово најавува и ветува одлична тридневна забава со голем број на музичко-забавни артисти кои ќе ја забавуваат присутната публика и сите добронамерници кои ќе бидат дел од оваа традиционална манифестација.

Вечерва кога и официјално стартува манифестацијата, на фестивалкската сцена ќе настапат голем број на културно уметнички друштва, КУД „Димитар Беровски“, КУД „Љубомир Ивановиќ Ѓеџа“ и етно група од градот Брус од Србија, како и културно уметнички друштва од збратимените општини. Свој настап ќе имаат и Здружението на пензионери од Берово, како и дечињата од детскиот музички фестивал „Малешевско ѕвонче“. А вечерта ќе заврши со познат DJ.

Утре пак, 24-ти август „Етно Плоштад Фестивал“ ќе започне со концерт на Камерниот оркестар од Битола со „Македонската рок симфонија“ каде на сцената ќе настапат: Дани Димитровска, Ружица од групата „Ареа“, Јасна Димитровска, Ана Петановска како и Сашо Паркет. Музичко-забавната програма потоа ќе продолжи со концерт на познатата македонска група „ДНК“ и настап на локалната безвременска беровска група „Штекица“.

И во недела 25-ти август, кога и всушност се затвора оваа позната и традиционална манифестација во Берово, на фестивалската сцена на градскиот плоштад „Димитар Беровски“ ќе настапат Филип Пецовски (од Ѕвездите на Гранд), Ангел и Иван и големата балканска ѕвезда Јелена Розга.

Редакцијата на Музика24 на покана на Градоначалникот на Општина Берово во текот на неколкуте дена за време на „Етно Плоштад Фестивал“ ќе биде дел од сите музичко-забавни случувања, а истовремено и ќе ве известува за се она што е интересно и што вреди да се види и прочита.

Доколку сакате викендов да си го поминете убаво, интересно, незаборавно, да вкусите одлична македонска кујна и да вдишите чист воздих и да слушнете одлична и квалитетна музика, Берово нека биде вашата дестинација овој викенд.

Можеби ќе ве интересира: