Како што беше најавено, така и започна 14-то издание на традиционалниот “Етно плоштад фестивал” во Општина Берово. Како и секоја година, така и оваа главното собиралиште на беровчани, а и сите останати од другите градови кои секоја вечер ги има во се поголем број, е градскиот плоштад и сцената каде всушност се одржува овој познат музичко-забавен фестивал.
Првата фестивалска вечер со пригоден говор по повод патронот на градот Берово и по повод отворањето на 14-то издание на “Етно плоштад фестивал”, градоначалникот Г-дин Звонко Пекевски се обрати кон своите сограѓани, како и сите присутни на градскиот плоштад посакувајќи им одлична неколку дневна незаборавна забава и уживање со музичките гости кои и те како имаат што да понудат.

А веднаш потоа на сцената се појави и водителот на годинешната манифестација, Миро Кацаров, кој ги најавуваше Културно уметничките друштва и нивните настапи, кој годинава освен од Македонија, беа присутни и од Србија, Словенија и Хрватска.




А веднаш по излегувањето на сите Културно уметнички друштва и нивните настапи, на сцената за кратко време се појавија и најмладите од познатиот детски фестивал во Берово “Малешевско ѕвонче”. По нивниот настап и официјално првата фестиваска вечер заврши сет со DJ Bono кој ги забавуваше младите до раните утрински часови.

Втората пак фестивалска вечер (24.08.сабота) започна со настап и концерт на Камерниот оркестар од Битола со проектот „Македонска рок симфонија“ каде на сцената со познати светски и македонски хитови настапија: Дани Димитровска, Ружица од групата „Ареа“, Јасна Димитровска, Ана Петановска како и Сашо Паркет. По одличниот неколкучасовен концерт, музичко-забавната програма потоа продолжи со голем концерт на познатата македонска група „ДНК“.


Интересно е тоа што ДНК за прв пат настапува во Берово. Тие на овој концерт се посветија максимално и ја анимираа и публиката. Така песната “Најмила” Панчо ја отпеа со девојка од публиката која што самата се пријави за да а отпее со нив. А овој концерт на ДНК ќе биде запаметен и по тоа што тие емотивно ја отпеаа “Громови на душа” од нашата музичка легенда Тоше Проески. И поради тоа што на концертот требало да пристигне но едноставно неуспеал, наместо заедно со Наум Петрески како нивни специјален музички гостин, тие сами заедно со публиката ја отпеаа “Оди ѕвездо”, позната хит песна. А пак со песната “Пази се од мене” (стар, но многу добар хит), ДНК го завршија својот прв и неколкучасовен концерт во најубавиот град во малешевијата – Берово.

А потоа за кратко време на сцената се појави и препознатливата, локална и безвременска беровска група „Штекица“ која во својот репертоар исполнува, познати екс-ју познати хитови на кој никој не може да остане имун.

Со настапот на оваа позната беровска група заврши и втората фестивалска вечер. Вечерва, 25.08 недела, фестивалската вечер ќе ја отвори Филип Пецовски (од Ѕвездите на Гранд), Ангел и Иван и истата ќе заврши со концерт на големата балканска ѕвезда Јелена Розга
Викендов сите патишта водат накај Берово!
Фото: Андреј Бубевски / Музика24.мк
