Музика на кирилица

24 Промо: Ања Ветерова – “Само сонувај” (Видео)

Претпоставуваме дека на сите Ви текнува на детската песничка “Еооооо, Еооооо” која што во 2010-та не претставуваше на детската евровизија. Да, токму така и Вие веројатно сте ја слушнале и на некој од Вас му била хит. По многубројните меѓународни настапи, младата Ања Ветерова се враќа на македонската музичка сцена со сосема нешто ново. Таа овој пат ни порачува само да сонуваме. Со песна на Дамјан Лазаров и Јован Јованов моментално најголемата тинејџерска ѕвезда во Македонија Ања Ветерова може да ја вброиме меѓу најмладите од познатите и славни во Македонија.

Таа со оваа песна и видео спот кој е во продукција на Томато, само ни го докажува она што речиси сите го знаеме, дека македонците се екстремно талентирани кога станува збор за музиката. Ние од Музика24 младата Ања може слободно да ја споредиме со веќе докажаната и далаку позната Ејми Вајнхаус која што имаше одличен вокал и многу хитови зад себе.

Новата македонска тинејџерска ѕвезда во Македонија - Ања ВетероваЗа реализацијата на видео спотот за новата песна на Ања се погрижи стручен тим и тоа Арменд Рамадани кој беше задолжен за шминката и фризурата, заедно со неговата екипа од ART Fashion, а учество земаа и манекени од модното студио Црнокрак. За кореографијата се погрижи Илија Карадакоски од Прима Данца, а во спотот танчери се Наим, Ардит, Амир и Бесир. Спотот се снимаше во “Нова” и во паркот во Карпош 3.

Иако се снимани две верзии на оваа песна, македонска и англиска, а исто така и спотови, ние овој пат одлучивме да Ви ја промовираме македонската верзија бидејќи Музика24 сепак го промовира она што е наше, македонско. Уживајте!

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: