World Music

Барбара Стрејсенд и откри на јавноста детали за нејзиниот живот

Светски познатата пејачка и актерка Барбара Стрејсенд во неодамна дадено интервју го откри начинот на нејзиниот живот и она како стигнала до она што е денес. Таа на светската јавност и откри детали од нејзиното детство и младост, во интервјуто таа вели дека кога била мала нејзиниот очув и велел дека не е доволно убава да и купи сладолед. А мајка и никогаш не ја бранела и ја советувала да стане секретарка, иако знаела дека Барбара сонува да биде актерка.

“Сега кога се сеќавам на сето тоа, се восхитувам колку цврста верба имав во себе!”, вели Барабара во интервјуто. Таа меѓудругото објаснила што е потребно во текот на животот за да бидете среќни, и напоменала само четири основни работи: пронајдете ја својата страст, верувајте им на инстинктите, останете верни на себе си и не се плашете да ризикувате!

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: