Балканленд

“Биоритам” со новиот млад, енергичен и симпатичен пејач ја добија втората награда од жири на “Охрид фест 2024” (Фото)

“Засекогаш твој” е насловот на одличната композиција со која што вчера вечер на “Охрид фест”, познатата и освежена македонска група “Биоритам” добија втора награда од стручното жири на фестивалот. Тие изненадени од оризнанието и наградата за музичкиот портал Музика24 изјавија:

“Песната “Засекогаш твој” е дело на една наша долгогодишна соработничка, Светлана Зјеклоца. Она е автор на музиката и текстот, додека аранжманот е на Дамир Имери. Ние и во минатото, со претходниот наш изведувач, имавме снимено доста нејзини песни. Таа е голем и познат етаблиран автор и речиси на сите фестивали учествува. Ова вечерва што го слушнавте на фестивалската сцена е малку поинаков звук за разлика од се она што досега сте го слушнале од нас. Ова е можеби нешто со што ја изненадивме нашата публика и фанови, и нека не видат и во вакво издание”, велат од “Биоритам”.

Музика24: Препознатливиот знак на образот останува?

Биоритам: Да, да… Тоа е “Биоритам”, да. Можеби сме малку остарени, меѓутоа… енергијата не не напуштила.

Тие речиси една година имаат нов изведувач, млади, енергичен, симпатичен и полн со волја за нови песни и успеси. Младиот Иван Илиев за Музика24 вели:

“Штом сум започнал соработка со нив, секако дека до сега сум задоволен од целокупната соработка.Знам во што се впуштам. Тие се стари волци, јас млада енергија… старо искуство и млада енергија, секогаш одлично се вклопуваат”, вели младиот Иван, новиот изведувач во групата “Биоритам”.

Тие меѓу другото ексклузивно за Музика24 открија дека на 28-ми ноември ќе настапат на новото фестивалско издание на “Роса фолк фест”, каде што ќе отпеат уште поинтересна и певлива песна. Пејачот Иван пак, кој е скоро нов во групата, вели дека засега максимално ќе се посвети на ангажманите и работата со нив и дека и покрај тоа што во минатото работеше на својата музичка кариера, работата со “Биоритам” за него ќе претставува посебна чест и задоволство.

Од Охрид за Музика24: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: