Во прв ред

Нина Бадриќ најави концерт во Скопје

Хрватската поп-ѕвезда Нина Бадриќ денеска најави солистички концерт во Скопје на 27-ми октомври. Концертот ќе се одржи во Македонската филхармонијата со почеток во 20 часот. Веста е објавена на нејзините профили, засега без детали за влезниците и организацијата.

Бадриќ својот прв солистички концерт во Македонија го имаше во јуни 2018 година во истата сала. А претходно во 2011 година соработуваше со Браќата Тавитјан на албумот „Македонското срце чука во 7/8“ со преработката на „Не кажувај либе добра ноќ“.

Нина оваа година ќе издаде албум кој го најави со песната „Како си“ пред еден месец, а за 30-ти ноември има закажан голем концерт во Арена Загреб

Можеби ќе ве интересира: